-1.2 C
Скопје
04:19 - 19 декември, 2024

30 отсто од заразените во Македонија немале симптоми, ковид-19 поприсутен и посмртоносен кај жените (ИНФОГРАФИК)

На последната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека влегуваме во најкритична фаза на епидемијата, каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но истакна и дека сите ние притоа не смееме да дозволиме овој број дополнително да расте и да му дадеме шанса на коронавирусот за две недели од сега да се рашири уште повеќе во нашата земја.

Жена со заштитна маска се моли во скопска црква пред најголемиот христијански празник Велигден. Премиерот Оливер Спасовски изјави дека храмовите нема да бидат затворени, но полицискиот час е во сила од утре во 16 часот, па апелираше да се почитуваат мерките и да се остане дома / 16 април 2020, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес беа регистрирани 107 случаи, со што вкупната бројка на регистрирани случаи сега изнесува 1081, од кои 914 случаи се активни, 121 се излечени, а починаа 46 лица.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје.

На следната мапа се прикажани бројот регистрирани заболени и смртни случаи, инциденца и леталност по градови во Макеоднија до 16 април 2020. Кликнете на некој од градовите за информации.

Најголем број на регистрирани случаи од првиот пријавен случај во еден ден па се до денес е забележано денеска, со 107 позитивни лица на ковид-19.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 465 машки и 509 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 44,9/100.000, додека кај женските 49,3/100.000 (до 15.05.2020).

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,2%), кашлица (55,7%), малаксаност (32,8%), треска (18,5%), болка во грло (15,7%), отежнато дишење (14,5%) и главоболка (10,9%).

Кај 301 или 31% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку Интитутот за јавно здравје – 468, преку Ветеринарен факултетет – 21, Авицена – 22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

The post 30 отсто од заразените во Македонија немале симптоми, ковид-19 поприсутен и посмртоносен кај жените (ИНФОГРАФИК) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....