6.8 C
Скопје
04:46 - 31 март, 2026

ЅВЕЗДИ КОИ НЕМА НИ ЦЕНТ ДА ИМ ОСТАВАТ НА СВОИТЕ ДЕЦА: Нека се фатат сами за работа!

Ела и Лудон нема баш да можат да уживкаат во милионите на татко им, славниот глумец Даниел Крег. Но, тие не се единствени деца на славни родители кои ќе останат без наследство.

Даниел Крег нема намера да им остави големи суми пари како наследство на своите деца. Глумецот, познатиот 007, го рече ова во интервју за списанието „Кандис“.

„Една стара поговорка вели дека оние што умираат богати, пропаднале во својот живот. Не сакам да им оставам големи суми на пари како наследство на моите деца “, рече Крег и додаде „Мислам дека наследствата имаат лош вкус. Мојата филозофија е да уживате во парите додека сте живи или да ги потрошите пред да умрете“.

Крег стана татко во 1992 година, со раѓањето на Ела, актерка како него, која ја доби во бракот со неговата поранешна сопруга Фиона Лудон. Во 2018 година тој го прослави доаѓањето на новиот член на семејството, Лудон, родена од неговата врска со Рејчел Вајс.

Неговиот имот изнесува околу 160 милиони долари, заработени главно благодарение на улогата на Џејмс Бонд, одиграна во последните 15 години.

Неговиот избор е невообичаен, но не и единствен.

Ештон Качер и Мила Кунис нема да заштедат пари за Изабел и Димитри: „Нашите деца ќе научат сами да се снаоѓаат, ќе го ценат она што го имаат од животот и пред се, ќе научат сами да си обезбедат удобност“.

Истото важи и за Стинг:

„Нема да им оставам на моите шест деца ниту денар од моите 180 милиони фунти. Мораат да работат, како што работев јас“, неодамна рече Стинг.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....