2.8 C
Скопје
20:04 - 18 декември, 2024

ЗОШТО ТИТО НЕ ГО САКАЛ ДЕДО МРАЗ: Дедо Мраз требал да се замени со млада девојка на која ѝ помага стар партизан!

Познато е дека празниците секогаш ги легитимираат властите и тие постојат да го слават она што е на власт, па и Новата година и другите социјалистички празници почнале да се слават за да ги заменат старите религиозни празници како на пример славите Божиќ и Велигден, објаснува Ана Паниќ, кустос на Музејот по историја на Југославија.

Во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба, бидејќи го потсетувал Јосип Броз Тито на свети Никола, слава која тој воопшто не ја сакал.

Познато е дека празниците биле користени во полза на промоција на комунизмот и славење по „партиска задача“, а на тој начин се бришеле границите меѓу личното и општественото, при што една од основните функции им била интеграцијата.

„Нова година, која до Втората светска војна не била многу популарен празник меѓу Југословените, требало во јавниот живот на СФРЈ да го замени дотогашното одбележување на Божиќ, и вешто да ја избегне поделеноста на населението со различна вероисповед и да создаде чувство на припадност на една заедница – младата СФРЈ“, објаснува Ана Паниќ.

Секако, кога еден политичко-општествен правец има за цел бришење на верските разлики, во таа приказна никако не може да се вклучи Свети Никола. Прашање е само, како Тито Свети Никола го поврзал со Дедо Мраз?

– Интересна е самата приказна за етимологијата на зборовите „Дедо Мраз“ и нивната симболика. Таа објаснува поради што Тито не го сакал дедото со бела брада и во црвен капут. Името „Дедо Мраз“ е изведено од руското „Дед Мороз“ и во некогашната паганска руска традиција претставувал крал на зимата, кој одел од куќа до куќа, а луѓето му давале подароци, како некој вид молба студената зима да им помине полесно.

А Дедо Мраз, каков што го знаеме од филмовите – со долга, бела брада и црвен капут, нема врска со тој „Дед Мороз“, туку со „Санта Клаус“, кој е верзија на старо холандско божество, поврзано со свети Никола – објаснува Ана Паниќ.

„Така две струи се споиле во една преку Кока-кола. Симпатичниот дедо со брада и црвена облека потсетува на Свети Никола, кој исто така има црвена облека, долга брада и на децата им дели подароци, додека кралот на зимата секогаш бил во зелена облека и никогаш не бил толку дебел, туку е претставен како слаба фигура со долга, но не бела, туку сива брада. Кралот на зимата не делел подароци, луѓето нему му подарувале“, рекла Паниќ.

Антифашистичкиот фронт на жените, кој во Југославија бил задолжен за афирмација на Нова година, според зборовите на Паниќ, „се обидувал Дедо Мраз да го замени со млада девојка, бидејќи новата млада држава била во подем и млада девојка требало да ја симболизира и државата и Новата година

– Постоело и цело сценарио според кое млада девојка ја сретнува старата година на која ѝ кажува кој бил добар, а кој бил лош и како поминала таа претходна година. Потоа младата девојка, како персонификација на новото општество, им дели подароци на децата, а во тоа можел и да ѝ помага стар партизан. Меѓутоа, тоа сценарио никогаш не се остварило – вели Паниќ.

 

Слични објави

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....