19:21 - 10 ноември, 2026

Уште една екс-девојка му помага на Бен Афлек да го преброди разводот со Џеј Ло: Таа е Гвинет Палтроу!

Американската актерка Гвинет Палтроу го поддржува Бен Афлек за време на неговиот развод со Џенифер Лопез. За ова пишува „Ин тач“ (In Touch).

„Гвинет внимателно ја следеше ситуацијата и навистина верува дека може да им помогне со споделување на некои методи кои функционирале за неа и Крис Мартин“ – открива изворот за „Ин тач“.

Инсајдерот додаде дека Гвинет и Бен се пријатели околу 30 години. Покрај тоа, тие се состанувале одреден период.

„Гвинет мрази да го гледа како Бен поминува низ таква болка“, забележува изворот.

Гвинет „му понуди да направи се што може за да му помогне во овој тежок период“.

Двојката се забавуваше во доцните 1990-ти, откако се сретнаа на вечера во 1997 година. Тие подоцна глумеа во филмот „Вљубениот Шекспир“. По нивното разделување, Гвинет се омажи за фронтменот на Coldplay, Крис Мартин и роди две деца – ќерката Епл и синот Мозес. Тие го завршија својот брак во 2014 година, објавувајќи заедничка изјава во која тврдат дека „свесно се разведуваат“.

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....