8.8 C
Скопје
13:30 - 19 декември, 2024

TOYBOY: Кој е Ахламалик Вилијамс новиот дечко на Мадона?

Се вели дека љубовта е слепа, ама се вели и дека љубовта нема години. Ова второво (а можеби и првото) се случува со поп-ѕвездата Мадона која „до уши“ е вљубена во своето ново момче, 26-годишниот Ахламалик Вилијамс.

Љубовната вест пристигна преку Инстаграм, а видеото веднаш ја разбуди не само љубопитноста на фановите на поп-ѕвездата, туку и љубопитноста кај меѓународните таблоиди кои брзо тргнаа во потрага по повеќе информации за Ахламалик Вилијамс.

Кој е Ахламалик Вилијамс, новото 26-годишно момче на Мадона со кое, на почетокот на врската, го помина Велигден? Со неверојатни 36 години разлика (Мадона има 62 години) двајцата веднаш  станаа најозборуваниот нов пар.

Имено, љубовната афера „пукна“ речиси истовремено со видеото во кое си споделуваат сладок бакнеж како печат на нотите на песната Afterparty. Тој со авиаторски очила за сонце, таа со виолетова јакна со качулка – изгледаа на двајца вљубени тинејџери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madgeluv)

Двајца започнале да излегуваат во 2018 година. Кога и како се запознале не е познато, но според пејачката станува збор за законот на кармата (или секако, на привлечноста): Ахламалик Вилијамс е танчер кој лично бил избран од Мадона за нејзината турнеја „Rebel Heart“ во 2015 година, а потоа тој е дел и од турнејата (во 2019) Madame X Tour. 

Видеото, кое се појави на профилот на страницата Инстаграм на пејачката, е само потврда на она што на печатот му го откри таткото на Ахламалик во 2019 година, кога изјави дека двајцата се состанувале околу една година:

„Љубовта нема возраст, мојот син живее во „вида лока“ и јас сум среќен поради него“, рече тој.

Ахламалик Вилијамс е по потекло од Сакраменто и син на познат танчер кој работел со улични изведувачи во Лас Вегас. Неговата кариера започна во 2013 година кога се приклучи на балетот „Cirque du Soleil corps de ballet“, учествувајќи во шоуто Michael Jackson One. Неговиот талент не останал незабележан и кратко потоа Мадона го избрала за танчер за нејзината турнеја. И оттука почнува приказната…

Не е првпат Мадона да се вљуби во танчер со кој ја дели сцената, а пред се во момче помладо од неа. Од 2010 до 2013 година, таа беше во врска со Брахим Заибат, танчер кој имаше 23 години на почетокот на нивната љубовна приказна. Подоцна се вљуби во 26-годишниот Тимор Стефенс, а потоа во моделот Кевин Сампајо (31).

Слични објави

(Фото) Вељко се огласи на посебен ден за семејството Ражнатовиќ: На Дедиње се слави Свети Никола

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита!“: Марија Шерифовиќ по две години како нова, ја праша публиката за мислење

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Лазар Ристовски и неговата 39-годишна девојка: Аница објави убава вест, честитките се нижат

Еспресо

(Фото) Ги оставија тепачките настрана: Сергеј Трифуновиќ ужива во романтичната Венеција со саканата

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо
Се вчитува....