12.8 C
Скопје
18:43 - 3 април, 2026

СО КОГО СЕ ЗАДЕВА ИБРАХИМОВИЌ: Гепардот не паѓа на ниво на кучињата!

Најновите мистериозни приказни на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ го кренаа Инстаграм „на нозе“. Поучна порака, секако, но кому е наменета?

Фудбалскиот ас Златан Ибрахимовиќ честопати користи различни животни за да ја претстави својата сопствена физичка и ментална состојба, а со тоа ги освојува своите фанови низ целиот свет. До неодамна се служеше со приказната за лавот, а сега премина на гепард.

инстаграм

Овој пат протагонисти на приказната што Ибра ја сподели со следбениците на Инстаграм се кучињата и гепардот. Златан е подготвен да се врати на теренот со својот Милан, и еве како размислува.

„Куче и гепард. Фотографијата покажува трка на брзина која се случува помеѓу кучиња и еден гепард, за да се открие кој е најбрз. Сите беа изненадени што гепардот не мрдна од своето место, па затоа побараа од координаторот да им објасни што се случува: „Понекогаш да се обидеш да докажеш дека си најдобар е навреда.“ Не треба да се спуштаме на нивото на другите за да разберат дека сме посилни. Размислете внимателно и заштедете ја својата енергија за она што го заслужувате. Гепардот ја користи својата брзина само за да лови, а не за да им докаже на кучињата дека е најбрз и најсилен. Не трошете време докажувајќи ја својата вредност“, заклучува Ибраимовиќ во постот.
инстаграм

 

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....