6.8 C
Скопје
07:25 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Подгответе ги чадорите за…

-Продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено во четврток и тоа во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во четврток попладне и навечер, како и во петок и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека во четврток попладне и навечер, како и во петок ветерот ќе го промени својот правец во северен, и истиот ќе биде со умерен до засилен интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....