12.8 C
Скопје
13:30 - 24 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пак натпросечно топло, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во текот на попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец, Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Претпладне ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Според Попоски, максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени. Потоа до крајот на оваа недела, односно за Божиќните празници времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бележат тендеција на значителен пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....