6.8 C
Скопје
07:25 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ќе биде ли и утре сончев ден за сите?

– За време на остатокот од овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло преку ден, додека наутро ќе биде постудено и тоа поради ведрото време, и температурите понекаде ќе се спуштат за некој степен под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопскиот регион за време на остатокот од овој викенд ќе се задржи претежно сончево време, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, потоа, како што најави, од самиот почетокот на следната недела ќе има ново зголемување на облачноста кое ќе услови повремени локални врнежи од дожд . Истите ќе бидат проследени и со слаб до умерен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, а ќе има денови и кога температурите на воздухот ќе варираат, односно истите ќе бидат малку пониски.

Да напоменеме дека овие врнежи ќе ги има повеќе во западните и во јужените предели од државава, и истите таму ќе бидат со умерен интензитет, додека на другите места врнежите ќе бидат послаби.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....