07:29 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Уште снег и во Скопје, ама и голем студ, еве точно кога!

– Како што претходно кажавме и најавивме, утре ќе се задржи претежно облачно и СТУДЕНО време со повремени локални врнежи претежно од снег, само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и од снег. Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи облачно и студено време со услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски, од среда па натаму ќе имаме стабилизирање на времето, но температурите ќе бидат уште пониски, и минималните понекаде ќе се спуштаат до околу -15 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 7 степени во крајните југоисточни предели.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....