03:10 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивни врнежи, еве кога!

– Како што најавивме од оваа ноќ и тоа под влијание на влажен и студен воздушен бран следуваат нови врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и утре и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Поради заладувањето врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во првите денови од следната недела. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од источен и од североисточен правец, додека во првите денови од следната недела ветерот ќе биде од северен и од североисточен правец. До понеделник наутро на повеќе места се очекува да се формира нова снежна покривка, и тоа во западните и во југозападните предели локално со висина од над 20 сантиметри, додека на повисоките и планинските места локално со висина и од над 30 сантиметри. Што се однесува до температурите, минималните речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, што значи дека истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион од оваа ноќ па натаму ќе растат условите за врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Во следните неколку денови услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина. Ќе дува и слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 1 степен, додека максималните ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 6 степени.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

(Фото) „Среќен Велигден“: Северина го прослави големиот празник со мајка си и синот Александар

Еспресо

„Носам паштета и кога летам со бизнис-класа“: Марија Шерифовиќ искрено за мајчинството и животната филозофија

К.С.

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо
Се вчитува....