10:27 - 25 февруари, 2026

Селма Блер: „По три години болеста е во фаза на ремисија“

Убава вест доаѓа од глумицата Селма Блер, која веќе три години се бори со мултиплекс склероза. Сега вели дека болеста е во фаза на ремисија.  

Телевизиската и филмска глумица Селма Блер постојано отворено зборуваше за борбата со својата болест мултиплекс склерозата. Сега пак, ги израдува своите фанови дека нејзината болест е во ремисија односно дека се намалуваат и исчезнуваат симптомите.

Вели дека се чувствува подобро. По три години битки против мултиплекс склероза и со трансплантација на матични клетки, 49-годишната актерка ја даде најубавата најава: „Прогнозите се одлични“.

Ѕвездата на Cruel Intentions и Hellboy, раскажа за својата болеста за списанието „Vanity Fair“ уште во август 2018 година:

„Штом ми кажаа, плачев. Тоа не беа солзи од страв или паника. Тоа беа свесни солзи, на оние кои знаат дека врз телото изгубиле контрола“… Но, таа воопшто не се откажа во битката.

Потоа, за својата болест зборуваше во документарецот „Introducing, Selma Blair“ на режисерот Рејчел Флајт, со цел нејзината борба со болеста да охрабри и други како неа, оние на кои им е потребна надеж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Blair (@selmablair)

„Се надевам дека филмот покажа дека мултиплекс склерозата е кај секого различна и дека многу се разликуваат во неа силните и слабите страни на луѓето. Животните емоции пак, различно делуваат на лекувањето на болеста“, своевремено објасни таа.

Во текот на трите години борба со болеста, ситуацијата постепено се влошуваше: таа ја загуби употребата на едната нога и говорот. Но, по трансплантацијата на матични клетки, се почувствува голем напредок.

„Мојата прогноза е одлична. Јас сум во ремисија. Се е тоа благодарение на матичните клетки. Помина една година по операцијата за трансплантација на клетки, а симптомите навистина се смирија“, рече таа.

Таа е задоволна од тоа како нејзината слава им помогна на другите да станат свесни за болеста: „Да се ​​појавиш со бастун на сцена и да ги споделиш своите слабости и честопати непријатни ситуации на социјалните мрежи, преку фотографии и видеа, беше клучот што им овозможи на многу луѓе да најдат утеха и самодоверба и тоа ми значи многу “, заклучи глумицата.

Слични објави

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо
Се вчитува....