12.8 C
Скопје
00:19 - 3 мај, 2024

(ФОТО) Бившата на Берлускони ја напушти огромната вила, во неа доаѓа нова жена

Во последниве недели, италијанските медиуми се занимаваат со расплетот на врската на Берлускони и Франческа Паскале и договорот кој требаат да го потпишат. Пари, вила, концесии и така натаму. Поранешната партнерка на Берлускони поминува многу време во Тоскана, особено во Сиена каде што планира да си купи имот – избор да го живее својот живот на порезервиран и интимен начин.

Франческа Паскале ја напушти Вила Марија, куќата која се простира на над 1.800 квадратни метри, во близина на Аркор, која ја купи Силвио Берлускони за да си го направи тука своето гнездо. Во последно време се појавија гласина дека Берлускони сака да ја преземе оваа прекрасна вила за да стане негова резиденција.

Инстаграм

Гласините се потврдија вчера попладне, кога Франческа ја напуштила Вилата Марија, и ги предала клучевите. Во меѓувреме, Франческа, секако не останува без куќа, зашто на пат е да си купи дом – прекрасна куќа во Тоскана.

Наскоро ќе започне работа на адаптација на огромната вила, во која, се разбира, повеќе нема да биде Франческа Паскале, туку Силвио Берлускони со неговата сакана Марта Фашина.

Koja e новата на Берлускони?

Додека Берлускони е роден во 1936 година (па пресметајте колку години има), таа има 31 година.  Марта Фашина е жената што го натера Силвио Берлускони (85) да ја загуби главата.

По првиот брак со Карла Елвира Лусија Дал Оглио, мајка на Марина и Пјер Силвио, вториот брак со Вероника Ларио, во кој стана татко на Барбара, Елеонора и Луиџи, водачот на Форца Италија доживеа долга страсна врска со Франческа Паскале, а врската заврши – како што беше официјално потврдено со соопштение за новинарите – на 5 март 2020 година.

За „отпремнина“, на Франческа Паскале ѝ беше доделен чек од околу 20 милиони евра, како и договор за одржување од околу еден милион евра годишно. Накратко, очигледно дека жената нема да ги помине следните години во сиромаштија.

Од тој момент, Берлускони се почесто почна да се појавува во јавност со младата и русокоса политичарка од неговата парија, која ја унапреди во заменичка. Марта Фашина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

Новата девојка на Берлускони, по потекло е од Мелито Порто Салво (но израсната во Портичи), живописно приморско село во близина на Реџо Калабрија, а дипломирала книжевност на Универзитетот Сапиенца во Рим. Потоа нашла работа во една фирма за односи со јавноста во Милано, а потоа се преселила во Милано каде била ангажирана како соработничка во Фондацијата на Берлускони. Така, таа успеала да стапи во контакт со Силвио Берлускони, од кого веднаш добила поддршка. Нејзината лојалност, се разбира била наградена и таа била унапредена. На тој начин пак, таа се повеќе го заземала и неговиот приватен простор во животот, додека не стане негова партнерка, заменувајќи ја Паскале во неговото срце.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....