7.8 C
Скопје
12:43 - 22 декември, 2024

РОДЕНА БЕЗ РАЦЕ И НОЗЕ, СЛИКАЛА СО ЗАБИ, ОДНОВО ОТКРИЕНА: Сликите на Сара Бифин достигнуваат огромни цени, а допрва ќе имаат вредност до небо!

Сара Бифин била уметница родена без раце и нозе, која живеела и творела во 19 век. Сепак, нејзиниот хендикеп не ја спречил да изгради кариера како сликарка-минијатурист, а била ценета и од кралицата Викторија. Сега, нејзините дела доживуваат огромна вредност на пазарот, вистинска експлозија.За илустрација, пред две години, рекордот на аукција на дела од Бифин бил околу 3.400 долари. Сега цената е вртоглаво зголемена во знакот на инклузивноста.

Имено, мал акварел од викторијанската сликарка Сара Бифин неодамна речиси ја удвои својата проценета вредност од 5.000 фунти (6.680 долари) на 9.000 фунти (12.023 долари) на британското Sworders Fine Art Auctioneers.

Уметницата, родена без раце или нозе, била дел од патувачки циркус во Англија, а ја викале Чудо без екстремитети.

Била родена во сиромаштија, во Сомерсет, во 1784 година. Бифин веројатно страдала од фокомелија. Но сепак научила да пишува, да шие, да слика, да користи ножици со забите. Се приклучила на циркусот на 13-годишна возраст каде што заработувала 5 фунти годишно сликајќи за публиката.

Акварелот од 1812 година, кое минатата недела било продадено на аукција, оди во пакет со рекламната порака на тогаш 28 годишната Бифин како циркуска атракција.

„Родена со недостаток на раце и нозе, таа е со убав изглед… и покажува голема генијност“, пишува на рекламниот флаер. „(Бифин) убаво пишува, црта пејзажи, слика минијатури и многу други неверојатни работи, а сето тоа го изведува главно со СВОЈАТА УСТА“.

Бифин била добро позната во нејзино време: самиот Чарлс Дикенс ја споменува во неколку романи. Во 1808 година, девојчето влегло во списокот на покровителство на војводата од Мортон, што и овозможило да зема часови од сликарот на Кралската академија на уметностите, Вилијам Крег. Минијатуристката имала свое студио на улицата Бонд, а самата кралица Викторија во 1839 година купила од неа портрет на нејзиниот татко, војводата Едвард од Кент. Сликата сега е дел од  Кралската колекција (Royal Collection Trust).

Во 1821 година, Кралското друштво за уметности во Лондон ѝ доделило сребрен медал за една од нејзините  историски минијатури, додека Кралската академија изложила нејзина слика во 1850 година, само неколку месеци пред да умре, на 66-годишна возраст.

Денес оваа сликарка ненадејно доживува ренесанса. Во последните години на аукциите, особено во Велика Британија, се бележи се поголема побарувачка за нејзините дела. Илустративно, од декември 2019, најскапото дело на оваа уметница било продадено за 3.383 долари.

Но кога аукциската престижна куќа Сторби, на почетокот на декември 2019., го ставила на продажба автопортретот на Бифин од 1821 година, сè се сменило.

„Бифин покажа таква сила во надминувањето не само на предрасудите кон професионалните уметници од тоа време, туку пред сè на предрасудите кон некој на кој се гледаше како изродд од циркузот. Од раѓање сè беше против неа, но оваа слика е начин на кој таа сакала да ја претстави пред светот – како уметница опкружена со нејзините алатки и подготвена за работа“, пишувало во аукцискиот каталог.

Автопортретот бил проценет на само 2.360 долари, но купувачите биле толку маѓепсани што на крајот бил откупен за дури 180.125 долари. И денес е рекорд за дело на англиската сликарка.

Интересот за делата на уникатната сликарка постојано расте. Медиумите потсетуваат на трагичните околности во кои е родена, но и на тоа дека нејзината инвалидност не успеала да фрли сенка на нејзиниот неверојатен талент.

„Луѓето имаат исклучително почитување кон оние кои успеале да се издигнат над животните несреќи“, објаснуваат експертите изненадени од побарувачката за Сара Бифин.

Само годинава сите дела на англиската уметница кои биле нудени на аукции достигнувале десетострука бројка од проценетата.

Ликовните стручњаци го толкуваат успехот со мислење дека делото на Сара Бифин е извонредно, според сите можни стандарди, па не чуди што денес сме сведоци на оживување на интересот за оваа таинствена уметница. А цените на делата на Сара Бифин скокаат и понатаму, и ќе продолжат да скокаат до небо!

извор – артнет.ком

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....