03:09 - 2 април, 2026

ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Град, грмежи и значително количество на воден талог

„До крајот на денов, како и утре претпладне се уште времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека утре попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд. Локален дожд ќе има и во текот на ноќта кон недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени“, вели метео прогнозерот Славчо Попоски и додава:

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во недела времето ќе биде променливо облачно со повремен локален пороен дожд. Локално ќе биде и нестабилно и врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи како и со засилување на ветерот. Температурите ќе бидат нешто пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени“.

Според Попоски, во недела исто така ќе има услови и за ретка појава на град, а локално ќе наврне и ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

Услови за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи ќе има и во почетокот од следната недела.

„И во скопскиот регион денес и утре ќе биде претежно стабилно и суво, додека во недела ќе има услови за повремен дожд, проследен со локална појава на грмежи како и со засилување на ветерот, додека потоа ќе биде постабилно и релативно суво, иако локално ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени“, вели Попоски.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....