1.8 C
Скопје
09:54 - 19 февруари, 2026

НЕОБИЧНИ КОВИД-ПРАВИЛА: На Чесите им треба ковид-потврда за колење свињи, на Литванците за точење бензин

Напорите во Европа да се поттикне вакцинацијата против ковид, предвидуваат и низа многу необични правила кои бараат лицата да докажат дека се вакцинирани, дека го прележале вирусот или дека имаат негативен тест.

Еве само некои од збунувачките правила низ различни европски земји.

Во Чешка – ковид сертификат и за колење свињи

Во Чешка прописите за сертификати дека сте вакцинирани се проширени и за колење свињи – предбожиќна традиција која предвидува доаѓање на месар во домовите на луѓето.

Законот вели дека сега се неопходни ковид потврди за учество во овој традиционален настан.

Простор за танцување во Англија

Во Англија сега се потребни сертификати за ковид и за ноќните клубови и пабови со подиуми за танцување или за „простор за танцување“. Но, овој услов важи само од еден часот после полноќ, односно на гостите на клубот по 1 часот по полноќ ќе им бидат проверени „пропусниците“.

Во Грција ковид-тест и за во црква

Присуството на божиќните миси во грчките цркви стана мистерија. Во ноември, владата одлучи дека невакцинираните лица мора да направат брз тест или да достават доказ за вакцинација за да одат во црква.

Суспензии на пратеници и советници во Латвија

Во Латвија службениците во владините инситуции се привремено суспендирани доколку немаат ковид-сертификат. Досега суспендирани се 19 членови на општинските совети низ државата, а на нивно место се назначуваат второпласираните на совтничките листи.
Пратеничката Јулија Степаненко, ко-основач на партијата „Латвија, фрст!“, исто така била суспендирана.

Ковид-потврда за бензинска пумпа во Литванија

За да отидете на бензинска пумпа во Литванија, потребен ви е ковид-сертификат. До неодамна важело правилото дека може да наполните бензин без сертификат но ако се задржите на бензинската најмногу 15 минути.

Во секој случај се уште може да се наполни бензин ако има можност за плаќање со картичка на отворено.

 

Слични објави

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova
Се вчитува....