7.7 C
Скопје
00:14 - 1 април, 2026

НАПРАВИЈА ГАФ: Џеј Ло и Бен Афлек ја освојуваат Венеција, ама…

Актерот на Лидо за премиерата на „Последниот дуел“ имаше очи само за Џенифер Лопез, но несреќи на патот им се случуваат и на суперsвездите…

На претпоследниот ден од настаните на Филмскиот фестивал во Венеција, слетаа и Џенифер Лопез и Бен Афлек, двојка која повторно е заедно (после 20 години), а вчера првпат се прошетаа по црвениот тепих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Поп -ѕвездата, актерка и претприемачка, во подобра форма од кога било, облечена во бело и блесната од прекрасниот накит од Картие, го придружуваше својот придружник на претсавувањето на филмот Последниот дуел, во кој игра заедно со Мет Дејмон.

Двајцата глумци беа фалени од фановите, но она што најмногу падна во очи на присутните во Венеција беше приврзаноста помеѓу двајцата љубовници, дури и неприродна и „неројатна“, дотолку што Џеј и Бен исто така станаа протагонисти на гафот со домаќинката на Фестивалот, Серена Роси. Имено, како што може да се види во некои видеа објавени на социјалните мрежи, во еден агол од „модната писта“ Серена се појави со Џенифер, која ѝ подаде рака, но без премногу внимание, бидејќи во меѓувреме Бен и се приближуваше па мораше него да го прегрне…

Џеј Ло беше облечена во бело, додека Бен во црн смокинг. А тука беше и холивудскиот колега Мет Дејмон, кој беше многу повеќе сериозен и фокусиран на неговата улога во епскиот блокбастер сместен во средниот век.

„Тоа е филм за токсичната машкост, за жена која бара правда на ризик по сопствениот живот. Некогаш, за жал, се сметаше дека жените се сопственост на мажите. Се сметам за феминист“, рече Афлек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck (@benaffleck)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....