12:00 - 5 декември, 2025

Милица Павловиќ ја „исфрли“ Јелена Карлеуша од концертот во Арена: Јелена бесна – „Не вреди да се споменува, тажно“ 

Поранешните другарки веќе месеци водат јавна војна. Сè почна за време на хајката против Јелена, кога ѝ беше исклучен инстаграм-профилот, а по сè судејќи крајот не се гледа.

Милица Павловиќ, по документарниот филм за нејзината турнеја „Лав“, на својот Јутјуб-канал во понеделник објави и видео од концертот од Белградската арена од декември 2023 година. Сепак, од него, исто како и од документарецот, ги исфрли деловите во кои се појавува нејзината поранешна другарка и колешка Јелена Карлеуша.

ЈК тогаш заедно со Милица го отпеа нивниот дует „Машала“, а додека домаќинката на вечерта се пресоблекуваше, нејзината гостинка сама на бината отпеа свои хитови.

Овој потег предизвика бурни реакции кај корисниците на социјалната мрежа Икс, а многумина ја обвинија Милица дека премногу брзо заборавила колку ѝ значела поддршката на Јелена во текот на кариерата, за што таа и самата порано зборувала.

По тој повод, на споменатата социјална мрежа се огласи и самата Јелена, нагласувајќи дека сето тоа ѝ делува многу тажно.

-Милица со тоа само покажа каков е човек. Сите гледате каков е. Тажен и невреден да се споменува повеќе — напиша поп-ѕвездата, додека од ПР-тимот на Милица не добиле коментар.

Милица претходно изјави дека нема да се огласува по прашањето со Карлеуша, а неодамна и двете во интервјуа спомнуваа за нивниот однос, кој неповратно се наруши на почетокот на оваа година.

За потсетување, Милица и Јелена беа неразделни сè додека не започна нападот врз Карлеуша и не се појавија потписи на петиција за исклучување на нејзиниот инстаграм-профил. Меѓу оние што го потпишаа бил и еден соработник на Милица, кој, според Карлеуша ѝ упатувал закани, а Павловиќ не застана во нејзина одбрана. Потоа пријателството се распадна.

– На Милица многу ѝ помогнав во кариерата. А потоа ми пратија скриншот како многу блиска и неразделна братучетка на Милица Павловиќ на својот Инстаграм споделува петиција да се угаси мојот инстаграм-налог. Помислив дека можеби не се блиски, додека не се уверив во спротивното. Зашто, како да ви кажам, на мојата сестра ѝ би ја отсекла главата ако направеше такво нешто, не заради Милица, туку за кој било пејач, бидејќи на тој начин ми го оштетува интегритетот, работата, правото на изразување. Тоа го прават само бедници — изјави Карлеуша пред неколку месеци.

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....