6.8 C
Скопје
19:21 - 19 февруари, 2026

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ И ДИЕТИТЕ: Кога, колку и како делува!

Со години слушаме дека јаболковиот оцет помага во борбата против вишокот килограми, а сега тоа е конечно и научно докажано.

Група американски лекари и нутриционисти чие истражување е објавено во списанието Journal of Functional Foods докажаа дека конзумирање на јаболков оцет пред јадење помага во регулацијата на нивото на шеќерот во крвта.

Испитаниците кои пред јадење пиеле една лажица јаболков оцет помешана со 250 мл вода, имале намалено ниво на шеќер во крвта. Оцетната киселина, главната состојка во јаболковиот оцет, го поттикнува разградувањето на скробот и на тој начин ја ослеснува загубата на килограми.

Претходните истражувања покажаа дека секојдневното конзумирање на јаболков оцет го намалува индексот на телесна маст, триглицеридите и обемот на струкот.

Сепак, докторите советуваат дека јаболковиот оцет не се препорачува за оние кои имаат проблеми со желудникот.

Треба да се внимава и на количината на јаболков оцет, бидејќи прекумерното конзумирање може да предизвика болки во грлото.

Оцетот секогаш треба да се пие во комбинација со чаша вода, пред јадење и тоа најмногу три пати во денот по 1 лажица.

Понатаму, докторите истакнуваат дека јаболковиот оцет не е замена за правилна исрана и вежбање. Јаболковиот оцет ќе ви помогне да ги загубите килограмите но тоа нема да се случува преку ноќ, односно првите резултати ќе ги забележите после 3 до 4 месеци секојдневно конзумирање јаболков оцет.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....