9.8 C
Скопје
12:37 - 1 април, 2026

Искрена исповед на Васко Тодоров, во Австралија работел во фабрика, а му се случил голем малер

Васко Тодоров искрено раскажа што сѐ работел кога на 50 години од Македонија се пресели во Австралија, но и за еден голем малер што му се случил кога стасал таму.

– Во Австралија отидов на 50 години. Работев сешто, во фабрики, во магацини – вели популарниот Тошо Малерот, култниот лик од „К-15“. Оваа негова изјава е објавена на инстаграм-страницата на „К-15“.

– А, прво стапнување таму крши нога. Васко открива уште доста во документарниот филм „К-15: Од другата страна. Режија и сценарио: Ико Каров Продукција: BDG Agency и Good Mood Media. Премиера: 5 декември, Македонски народен театар – пишува понатаму во оваа објава.

Фото / Инстаграм

Во друга објава е подетално објаснето какви приказни ќе има во овој филм од Бубо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров.

– Другари, со гордост ви го претставуваме „К-15: Од другата страна“ – документарен филм со скриената приказна за најголемиот хумористичен феномен!

Искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од една посебна ера“.

– Одамна си забранив какво било планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто испаѓало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика! Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците – изјави Тодоров за „Точка“ додека живееше во Австралија.

„К-15“ Фото / Инстаграм

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....