08:42 - 20 март, 2026

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Овен

Очекувајте викендот да биде порелаксиран, нема да ве очекуваат сериозни пречки. Љубовните сигнали велат само напред, но пред тоа обрнете внимание на непроверените гласини за личноста што ве привлекува.

Бик

Денеска ќе бидете задоволни со постигнатото и можете веднаш да се занимавате со плановите за следниот деловен период. Правењето интензивни планови за викендот со саканата личност ќе ви даде чувство на задоволство.

Близнаци

Денеска би било мудро доколку сте во можност да разменувате мислења со проверени и поискусни луѓе. Тоа може да биде многу корисно за вас и за вашата кариера. Можете да очекувате пријатно изненадување од саканата личност или од некој што долго време ви го привлекува вниманието.

Рак

Сè оди според планот, а повеќето би можеле да очекуваат деновите да ги поминат како што може само да посакаат. Доколку сте слободни, денеска можно е да запознаете нова личност, но добро размислете дали сте расчистиле со минатото.

Лав

Лавови, проверете да не сте пропуштиле нешто поврзано со работата, доколку се е јасно можете лесно да започнете со плановите за викендот. Денеска акцентот треба да ви биде ставен на најинтимната атмосфера со саканата личност, само немојте да избрзувате.

Девица

Денеска ќе имате повеќе причини да бидете среќни, бидејќи одлично ја завршивте напорната и динамична работна недела. Ништо ново не ве очекува на љубовен план, но би можеле да ја изненадите саканата личност со романтична вечера или прошетка.

Вага

Ваги, денешниот ден ќе го поминете во сумирање на резултатите, а ќе направите план за започнување на нови проекти што ви се појавија на повидок. Постојат навестувања за нови можности. Потребно е да дадете добра основа за конкретни потези на љубовното полето со вашата сакана личност.

Скорпија

Денеска треба да се опуштите и да престанете да размислувате и да се проверувате дали случајно сте пропуштиле нешто поврзано со вашата работа. Ќе бидете задоволни, па уживајте во убавите моменти со саканата личност и оние што сакаат да го поминат времето во акција.

Стрелец

Стрелци, очекувањата ќе ви бидат големи, а резултатите се послаби, но нема причина да бидете целосно незадоволни. Ќе имате повеќе можности за докажување. Денеска ве очекува барем едно интересно познанство со нова личност во љубовната сфера. За почеток, доволно ќе биде да бидете расположени.

Јарец

Денеска по долго време, ќе имате многу слободно време и можност да се посветите на други активности кои постојано биле во втор план. Денеска ќе биде одлична можност да ги оживеете убавите спомени со саканата личност, а можеби и да разговарате за идните планови.

Водолија

Водолии, нека не ве оптоварува тоа што не сте го завршиле во текот на работната недела, секако ќе ве чека на почетокот на следната. Не ја префрлајте својата нервоза на другите поради ова. Стабилната ситуација на љубовен план ќе ви дозволи да уживате, но тоа не значи дека треба да бидете пасивни.

Риби

Денеска ве очекува убав ден, бидејќи сте задоволни од солидниот крај на работната недела. Очекувајте вклученост во некој иден деловен проект. Подобрата комуникација со саканата личност треба да ги реши сите ваши сомнежи. Разговарајте отворено и искрено.

 

 

Слични објави

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо
Се вчитува....