13.8 C
Скопје
15:17 - 20 ноември, 2024

(ФОТО) УМЕТНИЦАТА ИВЕТ НИ НОСИ ПРАЗНИЧНА МАГИЈА: Сосема посебни лампиони и куклички

Ивет Царо Илјази е уметницата која стои зад профилот на социјалните мрежи Caroline Handmade. 

фото – приватна архива

Дипломирала на Факултетот за психологија, но никогаш не работела по струка.

– Прекрасни 5 години поминав како новинар во модниот магазин Unique, но за жал тој се затвори. Останав дома во истиот период кога останав бремена. Мојот син имаше околу 6 месеци кога решив да се втурнам во еден поинаков, креативен свет. Креирајќи мечиња и зајчиња за него, сосем спонтано почнав да развивам концепт за креирање кукла. Веќе година и половина како постои Caroline handmade, моето мало куклено катче, – ни вели Ивет.

Научила да шие уште како многу мала, на машината на мајка ѝ која ѝ ги покажала основите на шиењето, а останатото било препуштено на нејзината имагинација и упорност.

– Благодарение на времето во кое живемее и достапноста на информации, интернетот ни овозможува да научиме сѐ, а тоа беше така и во мојот случај. Пред да го развијам концептот за Caroline куклите, поминав стотици часови во разгледување најразлични туторијали за кроење, шиење, везење – открива таа.

Создавањето на нова кукла, Ивет го врзува со моменталната естетика во својата глава, со годишното време, со материјал кој успева да ја инспирира.

– Куклите се изработени целосно од текстил. Фустаните се најчесто од тулови во различни бои, украсени со цветови, бисери и тантели, зависно од моделот. Балетанките и деталите на коса се најчесто изработени од сатенски украсни траки, а косите се од волна – ни објаснува уметницата.

Со огромно внимание и посветеност оваа празнична сезона Ивет ја создала колекцијата Caroline Christmas 2.0. Колекцијата се состои од лампиони со дијаметар од 8 см, а во секој лампион е сместена минијатурна Caroline кукличка во различна боја. Палетата се состои од седум бои и претставуваат совршен украс за секоја новогодишна елка.

– Како и секоја година, што се однесува до новогодишните украсувања на домот, сметам дека се јавуваат два доминантни трендови. Традиционалниот обоен во црвени и зелени тонови, со многу детали, динамика во украсувањето. Љубителите на овој стил често се решаваат за Caroline лампиони во црвена, златна и зелена боја. Од друга страна, тука се и оние кои го преферираат минимализмот или скандинавскиот начин на украсување. Па користат природни материјали, украси од глина, природно осветлување. А, ако веќе се одлучат за некакви бои, тогаш нивните елки ги красат пастелни нијанси на розова, крем, сребрена – вели Ивет Царо Илјази.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Семејството Ѓоковиќ утре имаат куќна слава, а Дијана за овој ден подготвува пченица со посебна состојка

Еспресо

„Не можам да ја опишам болката“: Џејла Рамовиќ завршила со скршен заб на настап, се случил општ хаос

Еспресо

Јована Јеремиќ подготвува книга: Една нејзина изјава ќе ве шокира

Еспресо

(Видео) „Ти ме предаде!“: Ана Николиќ збеснала во 5 наутро, па објавила фотографија со своето момче!

Еспресо

(Фото) Лиjам Пејн оставил тестамент: Еве на кого ќе му припаднат 38 милиони долари од трагичниот починатиот пејач

Еспресо

Жељко Самарџиќ ќе стане дедо по петти пат! Неговата ќерка Миња е бремена

Еспресо
Се вчитува....