16:35 - 31 јануари, 2026

(ФОТО) РЕАЛНОСТ ИЛИ ФАНТАЗИЈА? Штипнете нè, го соневме ли дворот на Ферка или навистина постои? Да, постои оваа убавина!

Денес разговараме со Ферка Исмаиловска, пензионерка, завршила средно економско училиште генерација 63/ 64 година, а работела како финансов книговодител.

Што се однесува до занимацијата со цвеќињата, вели дека датира уште пред да прооди и прозбори, ете оттогаш се дружи со цвеќиња.

Ферка со нејзиниот првенец внук.
– Мојот покоен дедо работеше во Паркови и зеленило, дворот што ни беше во Скопје, каде што е денес Универзитетот Кирил и Методиј, грееше од убавини! Сите во семејството бевме ангажирани околу одржувањето. Оттогаш е и мојата наклонетост кон природните убавини – вака ја започнува Ферка својата цветна приказна. 
После земјотресот, се преселиле во барака во Трнодол, Козле, имале голем двор со цвеќиња и градинарски култури и тука Ферка имала придонес во одгледувањето. За нејзина среќа, во семејството каде се омажила – голем двор!
– Свекрва ми беше шампионка во одгледување на цвеќиња, но и во чист двор – вели Ферка.
Меракот го наследила, и вели дека сега не би можела да функционира без цвеќиња и чиста природа.
А, многу ѝ пречат местата кадешто природата се уништува.
– Бидејќи сум од возрасната генерација, а меракот е ист, можеби сум меѓу највозрасните членови на прекрасната група … ДВОРЧЕТО …, по заслуга на основачот Александар и неговите модератори. Оттаму црпам доста совети – искрена е нашата соговорничка.
приватна архива
Дворот на Ферка се простира на голема површина, а во него, покрај цвеќиња има и простор за рекреација на внучињата и нивните другарчиња.
Затоа, на Ферка ѝ е потребна помош во одржувањето, но тука е семејството кое ѝ помага во косење, поливање и одгледување. Инаку, дворот се наоѓа во Синѓелиќ, на 13 километри оддалеченост од Скопје.
Ферка ни објаснува дека сите цвеќиња ѝ се омилени, без разлика на нивната цена и убавина, и дека не може да ги класира. Ја воодушевува и радува и најобичниот полски цвет! Сепак, разноличноста на цвеќињата и уредениот двор ѝ се приоритет.
Што се однесува до сезоната на студени денови, оваа цветна дама нема проблеми.
– Долгогодишното дружење со цвеќето ми помага кога и како да ги внесам и за нив да се грижам преку зимата. Имам цвеќиња стари и по 20 години, обновени и пресадувани – горда е Ферка.
На крај, стигнуваме до советот кој таа го дава за сите оние кои сакаат да започнат да се бават со одгледување на цвеќе.
– Мој совет за сите почетници е да почнат со одгледување на цвеќиња кои се лесни за одржување и зафаќање, за да не се разочараат од почеток, а постои можност и да се откажат. Откако ќе им успее со цвеќето со кое почнале, ќе се нафатат и на останатите кои бараат посебна нега,- советува Ферка.

Инаку, Ферка е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо
Се вчитува....