7.8 C
Скопје
22:07 - 31 март, 2026

(Фото) Ова е ќерката на Ружица и Ивица од „Ареа“, денеска е посебен ден за неа

Фотографија од својата ќерка Елена објави Ружица Милошеска- Брчиоска од групата „Ареа“, со посебен повод. Ружица е долги години во брак со музичарот Ивица Брчиоски.

Нивната убавица денеска слави роденден, а мајката со нивна заедничка постара фотографија напиша:

„Една сончева слика, јас и мојата ќеркичка Елена Брчиоска пред години, која денес е голема и си слави роденден. Среќен роденден Еленче, нека ти биде овој ден најубав“, напиша Ружица.

Инаку, Елена пее придружни вокали во групата „Ареа“ и е убава како мајка ѝ.

Фото/ Фејсбук

„Ние сме школски другари од средно училиште, ха, ха. Инаку заедно сме од по завршувањето на средното училиште, па сè до денес. Гледајќи од оваа временска дистанца сметам дека за нашата врска и нејзиниот опстанок до денес, покрај љубовта помеѓу нас, одлучувачка беше и љубовта кон создавањето музика, не знам, можеби и се лажам, ха, ха.

Професионалното од приватното до ден-денес не успеавме да го раздвоиме. Тоа од една страна е добро, а од друга страна и не е добро. Но, тоа сме ние, така функционираме. Нашата ќерка Елена го наследи музичкиот талент од нас и од пред две години се приклучи кон бендот „Ареа“ како придружен вокал на живите настапи. Инаку, Елена по професија е магистер архитект.“

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....