8.8 C
Скопје
12:29 - 1 април, 2026

(ФОТО) НОВА ВРСКА? Ченинг Тејтум и Зое Кравиц среќни се заедно!

Актерот, свеж од разделбата со Џеси Џеј, беше виден како ја гушка ќерката на Лени Кравиц, Зое. Среќни и насмеани, двајцата поминале неколку дена заедно во Њујорк. 

Може да биде сè или ништо, но секако фотографиите се двосмислени. Озборувањата дека Зое Кравиц има афера со Ченинг Тејтум не се потврдени.

„Меѓу нив има повеќе од пријателство“, рекол извор близок до наводниот пар, потврдувајќи дека симпатијата родена случајно, на снимањето на филмот што ќе го одбележи режисерското деби на Кравиц, потоа се трансформирала во нешто друго.

На Зое Кравиц пак, која го сакала Тејтум за протагонист во нејзиниот филм Pussy Island, изгледа дека многу ѝ се допаѓа и приватно неговото друштво.

Двајцата се фотографирани на улиците на Њујорк, додека тој ја вози на велосипед, а таа ги префрлила своите раце околу неговиот врат.

Потоа, патување со автомобил: Ченинг Тејтум, кој конечно се раздели од англиската кантавторка Џеси Џеј минатиот октомври, го преполнил багажникот со куферите на Зое Кравиц. Фотографиите, во текот на неделава, беа бројни. И сите подеднакво двосмислени. Меѓутоа, актерите не кажаа ништо. Ниту Кравиц ниту Татум не се потрудија да ги потврдат или негираат гласините. Но, насмевките и задоволството на нивните лица ќе остават малку простор за сомнежи.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....