08:51 - 30 јануари, 2026

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Ела Дворник повторно е во центарот на вниманието откако со драстична промена на фризурата, враќање на шишките и долга кафеава коса, предизвика лавина реакции и воодушевување на социјалните мрежи.

Инфлуенсерката уште еднаш докажа дека кај неа промената на имиџот никогаш не поминува незабележано. Со новата фризура, долга коса со екстензии и густите шишки кои некогаш ѝ беа заштитен знак, таа ги воодушеви следбениците, но и бројни познати личности од регионалната јавна сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Ела, која е позната по честите и храбри промени на изгледот, овојпат се одлучи за комбинација што добро ја паметат нејзините долгогодишни фанови. Долгата коса и шишките ја вратија во периодот од пред околу 15 години, а самата вели дека одлуката била целосно спонтана.

Покрај фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, таа откри што ја инспирирало за оваа промена:

„Си помислив, ќе порасне. А кој ме памети од пред 15 години, знае дека шишките ми беа заштитен знак долго време. И така, едно утро  отидов на фризер и реков: ‘Скрати шишки, продолжи коса!’ Морам да кажам дека екстензиите и шишките сега одлично го заменуваат ботоксот и корекциите. Така што – шишки и екстензии против корекции!“, напиша Ела.

Реакциите не изостанаа. Во коментарите се редеа комплименти како „Брутално!“, „Вау, прекрасно ти стои“, „Оваа боја на коса ти е топ“ и „Најдобро издание досега“. Многумина се согласија дека на Ела ѝ стои секоја фризура.

Меѓу првите што реагираа беа и Северина и Соња Дворник, кои јавно ѝ дадоа поддршка и ја пофалија за новиот изглед.

Слични објави

(Фото) Толку елегантна и убава! Данијела Димитровска објави нови фотографии од венчавката

Еспресо

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

(Фото) Каква убавица: Голема радост за ќерката на Сузана Турунџиева

msp-admin

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо

Сања Вучиќ ги откри плановите за 2026 година

E.A.
Се вчитува....