17:09 - 10 ноември, 2026

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Познато е дека српската водителка Јована Јеремиќ редовно тренира, и често покажува колку многу се грижи за својот изглед на социјалните мрежи.

Таа, неодамна позираше во зелена спортска облека, покажувајќи ги своите стомачни мускули.

Јована Јеремиќ е, всушност, многу посветена на здравиот начин на живот. Редовно оди во теретана, се храни здраво, а сега ги покажа и резултатите од таков начин на живот.

– Автомобилот ги покажува вашите пари. Вашето тело ги покажува вашите навики. Само здрав живот. Дисциплина. Спартанско. Прво спорт, потоа бизнис. Јас го живеам спортот како мојата работа. Ништо на мене не е лажно, дури ни на батерии. Спортот е мој начин на живот од мои 13 години. Не тренирам за да бидам убава како повеќето девојки, туку затоа што сакам да живеам здраво и тренингот ми е во вените. Ако не родам син спортист, не сум направила ништо. Моето прво дете е уметник – напиша Јована Јеремиќ.

Инаку, Јована веќе некое време ужива во љубовта со боксерот Милош Стојановиќ Тигар.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....