11.8 C
Скопје
21:24 - 13 март, 2026

(Фото) Ана Ивановиќ ужива во Мадрид: Љубовниот бродолом не и може ништо!

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е во центарот на вниманието на јавноста ширум Европа, откако германските медиуми почнаа да пишуваат за нејзиниот развод од поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Додека со денови се шпекулира дека љубовта меѓу некогашните спортисти е завршена, Ана, како што изгледа, не се грижи многу за новинарските наслови и се однесува како ништо да не се случува.

Ана сега отпатува во Мадрид, каде што се одржува Мастерс турнирот, а таму се сретна со една од најубавите тенисерки на ВТА турнејата – Данијела Хантухова. Имено, Данијела и Ана го овековечија овој момент со заедничка фотографија, која Хантухова ја сподели на својот Инстаграм.

– Како во старите добри времиња – напиша накратко 42-годишната Данијела, чии најголеми кариерни успеси се петтото место на светската листа и полуфиналето на Австралија опен во 2008 година.

Со ова објавување на Инстаграм профилот на Данијела, Ана јасно даде до знаење дека ужива во Мадрид и дека не ја вознемирува фактот што последниве денови е една од главните теми во јавноста.

Слични објави

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.
Се вчитува....