14:56 - 13 ноември, 2026

Дечкото на Јована Јеремиќ ги покажа мускулите на плажа: „Тигар“ ја одведе водителката на луксузен одмор

Контроверзната српска водителка Јована Јеремиќ ја напушти Србија и замина на егзотично патување со својот партнер, боксерот и бизнисмен Милош Стојановиќ – Тигар. Парот ужива на луксузна дестинација која водителката засега ја чува во тајност, а Милош веднаш ги запали социјалните мрежи со фотографии по костим за капење, покажувајќи ги своите исклесани мускули.

Јована не ја крие заљубеноста, па сподели заедничка фотографија на која разменуваат нежности на плажа, на која таа носи атрактивно бикини и скапоцен златен часовник.

„Вечна љубов со мојот тигар. Му благодарам на Бога за сè“, напиша водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Јована призна дека ова ѝ е прв вистински луксузен одмор во животот и дека решила да ги смени приоритетите по смртта на нејзиниот татко.

„Бев комплетен роб на кариерата до 35-тата година. Тоа го сфатив дури кога го погребав татко ми и си реков дека веќе нема да го правам тоа. Годинава за првпат во животот пишав одмор, дури и му се јавив на уредникот за да го прашам како воопшто се пишува барање за одмор, бидејќи никогаш претходно го немав направено тоа“, искрена е Јована, додавајќи дека Милош ја чува како „капка вода на дланка“ и дека покрај него стекнала неуништива самодоверба.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....