7.8 C
Скопје
23:05 - 31 март, 2026

Бомба на Пирс Морган: Кралот Чарлс и принцезата Кејт обвинети за расизам кон бебето на Хари и Меган

„Злобната“ книга на Скоби, за која се верува дека е близок со Хари и Меган, според „Дејли мејл“, долеа масло на огнот, тврди славниот водител Пирс Морган.

Пирс Морган именуваше двајца постари членови на кралското семејство за кои се тврди дека поставувале бројни прашања за бојата на кожата на синот на војводата и војвотката од Сасекс уште пред тој да се роди, пишува The Independent.

Книгата „Endgame“ на Омид Скоби беше објавена оваа недела и содржи тврдења дека двајца членови на кралското семејство давале погрдни коментари за Арчи, синот на Меган и Хари.

Во верзиите за Велика Британија и САД, идентитетот на двајцата не бил наведен, но верзијата на книгата што се продава во Холандија вклучува дополнителен пасос што ги идентификува, и токму поради тој пасос, се очекува да се продадат илјадници примероци од книгата токму таму.

Во својата гледана телевизиска емисија, славниот водител Морган посвети дури осум минути на оваа тема.

„Ако Холанѓаните кои ќе залутаат во книжарница можат да ги прочитаат овие две имиња, тогаш вие, Британците, кои всушност го плаќате кралското семејство, исто така имате право да знаете“ – нагласи Морган во емисијата.

Книгата на Скоби, за кого се верува дека е близок до Хари и Меган, како што наведува Дејли Меил, додаде бензин на огнот, тврди Морган. И додаде дека не би верувал во обвинувања без докази.

“The Indenpenent” не наведува за кого станува збор, но Морган рече дека се тоа кралот Чарлс и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....