0.8 C
Скопје
19:11 - 21 ноември, 2024

Зошто загревањето на тутунот е корисно, а согорувањето може да биде опасно

Во светот, денеска има повеќе од една милијарда пушачи. Иако и тие знаат дека пушењето е штетно по здравјето на човекот, единствено прашање е колку од нив вистински го разбираат проблемот на пушењето традиционални цигари. Никотинот е погрешно потенциран дека е најголемиот виновник за болестите предизвикани од пушењето, затоа што науката веќе докажа дека тоа всушност е чадот од тутунот.

Со децении се зборува за тоа колку чадот од тутунот е штетен по здравјето не само на пушачите, туку и на оние во нивната околина, пред сè поради повеќе од шест илјади штетни и потенцијално штетни материи кои се создаваат при согорување на цигарата. Тутунскиот чад е главниот причинител за болести и уништување на органите на човекот. Чадот се создава при согорување на тутунот на температура од 400 целзиусови степени. Во тој момент, цигарата почнува да гори и создава чад. Температурата на запалената цигара може да достигне и до 900 целзиусови степени, а на таа температура, преку чадот се испуштаат штетни материи кои пушачот ги вдишува. Но, чадот од тутунот е подеднакво опасен, како за пушачите, така и за непушачите.

Клучните разлики помеѓу загревавањето и согорувањето

Она што треба да се знае е дека никотинот се ослободува од тутунот и на пониска температура, од околу 250 степени целзиусови. Па така, потребната количина никотин од тутунот може да се добие и без согорување и сите придружни штетни материи кои произлегуваат од согорувањето и чадот од тутунот. Сè почесто и погласно, светските експерти од областа на јавното здравје укажуваат на подобра опција за сите оние пушачи кои сакаат да ги променат своите лоши навики, но не се подготвени целосно да се откажат од тоа. Тие наведуваат дека одговорот лежи во загревањето, односно во помалку штетните алтернативи кои се базираат на технологијата на загревање на тутунот, притоа наведувајќи ги основните разлики меѓу аеросолите и чадот од тутунот.

Важно е да се разбере фактот дека, иако целиот чад е аеросол, не сите аеросоли нужно имплицираат појава на чад. Аеросолот е комбинација од течни капки, цврсти честички и воздух, додека чадот од тутун содржи само цврсти честички. Аеросолот што се ослободува при користење уред за загревање на тутунот само изгледа слично на тутунскиот чад, но има значително различен состав, што е клучната разлика од користењето традиционални цигари. Уредите без чад кои го загреваат тутунот на температура од околу 350 степени не создаваат чад туку аеросол, а ваквото загревање испушта и до 95 отсто помалку штетни материи во споредба со цигарите.

Алтернативите помагаат во промените

Пушачите треба да знаат дека постојат алтернативи со кои можат да направат промена и да ги заменат цигарите, и со тоа да ги намалат здравствените ризици на кои самите се изложени, како и оние во нивна непосредна близина. Во прилог на ова сведочат бројни светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравје, кои потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето чад и неговата елиминација преку споменатите производи, може да направат вистинска разлика во секојдневната заштита за здравјето.

Електронските уреди кои го загреваат тутунот се подобра алтернатива од традиционалните цигари. Тие не испуштаат чад кој е канцероген, нема пепел и непријатна миризба, но истите не се без ризик. Најдобар избор за сите пушачи е целосно да се откажат од употреба на цигари и никотин, но доколку не можат да се откажат, овие алтернативи се секако подобар избор од цигарите. Исто така, она што е важно да се нагласи е дека доколку се произведени според строги стандарди за квалитет и безбедност, а такви производи се достапни и на нашиот пазар, тие можат да бидат добра замена за луѓето кои инаку би продолжиле да пушат цигари. Овие производи не се наменети за малолетници.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо

Музичар ја разоткри Тејлор Свифт: Ја излажа публиката, заработи милиони на турнејата, а цело време пееше плејбек!

Еспресо

(Фото) „Тебе не ти е гајле за мене“: Oсамна шокантна објава на Јована Јеремиќ поради која многумина мислат дека раскинала со Драган

Еспресо

Аца Лукас за Лепа Брена: „Продала три арени? Па таа веќе не може ни шоља кафе да наполни“

Еспресо
Се вчитува....