15:13 - 1 април, 2026

Зорица Брунцлик ја „избриша од животот“ Вики Миљковиќ: Не сакаше ни да ѝ го спомене нејзиното име

Пејачката Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш дојдоа на гала прославата на емисијата на менаџерот Бане Обрадовиќ, кој го славеше полнолетството на својот син.

Во оваа пригода, таа за српските медиуми откри што подготвила за славеникот и се потсети на полнолетството на своите деца.

– Му пишавме: „Добредојде во клубот за возрасни“, тој сега расте. Нормално, подарокот е плик, она што ги интересира младите е што ќе му донесете. Најдобро е да донесете пари – рече таа, сеќавајќи се на полнолетството на своите деца.

– Желбите не беа нескромни, ги ставивме на ниво што ни одговараше и со кое можеме да се справиме.

Зорица меѓу другото беше прашана и за хаосот во емисијата „Амиџи шоу“, кога имаше јавна дебата со колешката Вики Миљковиќ, а таа со насмевка рече:

– А, баш се потресов – рече таа, а потоа веднаш ја смени темата.

Инаку, Зорица и Вики се судрија во емисијата „Амиџи шоу“, а Брунцлик потоа рече за својата колешка дека е плагијатор и будала и дека би ја исфрлила од жирито на „Пинк ѕвезди“.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....