01:08 - 2 ноември, 2026

Ѕирнете во раскошниот пентхаус на Јелисавета Орашанин, вистинска оаза во самиот центар на Белград

Актерката Јелисавета Орашанин по разводот од поранешниот кошаркар Милош Теодосиќ живее со децата во луксузен пентхаус во елитната беградска населба Врачар, во непосредна близина на Храмот Свети Сава. Нивниот дом е уреден модерно и функционално, со совршен баланс меѓу елеганцијата и удобноста прилагодена за семејниот живот и потребите на децата.

Во ентериерот доминираат светли и неутрални тонови, а големите прозорци овозможуваат изобилство од природна светлина. Јелисавета посебно внимание им посветила на деталите, од полици исполнети со украси, до светли завеси и свежо цвеќе на масата.

Животниот простор е конципиран по принципот на отворен простор („open space“), каде што модерната кујна со мермерни детали природно се продолжува во трпезаријата и дневната соба:

Наместо класични плочки, подот во кујната е прекриен со мек тепих како необичен детал кој внесува дополнителна топлина во просторот. Сепак, најголемиот адут на овој пентхаус е пространата тераса од која се пружа спектакуларен панорамски поглед кон Храмот Свети Сава и целиот град.

Додека ужива во својот луксузен дом, љубовниот живот на глумицата продолжува да ја бранува јавноста. По краткиот раскин со 11 години помладиот колега Павле Менсур, двојката брзо ги реши сите несогласувања, а папараците веќе ги уловија како разменуваат нежности во познат белградски хотел.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....