4.8 C
Скопје
21:58 - 17 февруари, 2026

Жизел Бундхен ја откри причината за разводот со Том Брејди: „Кога сакаш некого, не го ставаш во затвор…“

Поранешниот пар се раздели минатата година.

Убавицата се отвори за нејзиниот неодамнешен развод со поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди. Поранешниот пар раскина по 13 години брак.

Познатата манекенка даде детали за нивната одлука да се разделат.

Потсетуваме дека Брејди минатата година реши да се повлече од американскиот фудбал.

„Во последните денови, мојата сопруга и јас го финализиравме разводот  по 13 години брак“, напиша Брејди уште во октомври.

„До оваа одлука дојдовме спогодбено и со благодарност за времето што го поминавме заедно.

„Благословени сме со прекрасни деца кои ќе продолжат да бидат центарот на нашиот свет во секој поглед. Ќе продолжиме да работиме заедно како родители за секогаш да се погрижиме да ја добиваат љубовта и вниманието што го заслужуваат. Дојдовме до оваа одлука да заврши нашиот брак по многу размислување“.

Но која е верзијата на Бундхен?

Зборувајќи за „Венити фер“, Бундхен истакна дека не сакала „да биде ограничена“ и тврди дека сè што сака е „да ги раширам моите крилја и да летам“.

„Тешко е затоа што си замислуваш дека твојот живот ќе биде на одреден начин, и направив сè што можеше, знаете?“ – истакна Бундхен.

„Верував во бајки кога бев дете. Мислам дека е убаво да се верува во тоа“ – додаде таа и нагласи дека дала се што имала и можела за да се оствари нејзиниот сон.

„Давате сто проценти од себе, и срцепарателно е кога не завршува онака како што сте се надевале и како што сте работеле на тоа“ – објасни убавицата.

„Кога сакаш некого, не го ставаш во затвор и не велиш: „Треба да го живееш овој живот“. Ги ослободуваш да бидат тоа што се – истакна Бундхен.

Во интервјуто таа призна и дека ѝ било многу тешко да го гледа последниот натпревар на нејзиниот поранешен сопруг.

Слични објави

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо

(Видео) Се породи пејачката на „Неверне бебе“, бендот ѝ честиташе: „Тоа се вика љубов, тоа сме ти и јас“

Е.А.
Се вчитува....