Музичката дива Тереза Кесовија, која денес полни 88 години, зад себе има импресивна кариера на просторите на поранешна Југославија и во Франција, но и извонредно тешка животна судбина. Пејачката останала без мајка на само еден месец, а подоцна ја загубила и маќеата Јела која ја гледала како сопствена мајка, за потоа да доживее нов голем шок кога нејзиниот брат загина во сообраќајна несреќа.
Покрај личните загуби, Кесовија водеше и тешки здравствени битки, иако се бореше со карцином и претрпе операција за отстранување на бубрег, два тумора на увото и зафат на гласните жици, таа неуморно му се враќаше на пеењето. Таа зад себе има два разводи, синот Алан од бракот со Миро Унгар и богата интернационална кариера во која пееше на дури девет јазици и ги полнеше најпрестижните светски сали.
Иако неодамна мораше да ги откаже претстојните концерти поради лекување и моментално закрепнува, музичката легенда и понатаму порачува дека нејзината најголема сила лежи во љубовта кон публиката и семејството.
