14:21 - 12 ноември, 2026

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Фронтменот на популарната група „Хари Мата Хари“, Хајрудин Варешановиќ, од првиот брак со сопругата Аида ги има ќерката Наѓа и синот Дамир. Сепак, јавноста со години бруеше за неговата врска со извесна Маја, од која го доби вонбрачниот син Мак, за кого многумина тврдат дека е негова верна копија.

Иако со години се шпекулираше дека пејачот дознал за синот дури подоцна, мајката на Мак за медиумите откри дека Хари од првиот ден знаел за своето дете, веднаш го признал под своето презиме и активно учествувал во неговото воспитување. Во 2017 година, кога Мак се ожени, токму познатиот пејач беше главен организатор на свадбената прослава.

Зборувајќи за својот прв брак и бурниот живот што го носи музиката, Хари во едно од своите поранешни интервјуа отворено призна за односот со првата сопруга:

„Единствено не се спасив од жените, а тоа е еден од нуспроизводите што одат со музиката и ми е најдрагиот порок. Секогаш ѝ велев на сопругата: ‘Ко ти е крив. Сама бираше. Ти ме избра мене, а не јас тебе’. Јас уште на 20 години бев дефиниран како музичар и мојот животен пат се знаеше. Со сопругата останав во брак, брак од компромис, поради децата“.

По разводот со Аида во 2010 година, Хари се ожени со Јасминка, со која со години живее на релација Сараево–Минхен.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....