03:31 - 13 ноември, 2026

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Пејачката Лара Иванова беше гостинка во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор, каде што отворено зборуваше за љубовниот живот, поранешните партнери и откри дека од неодамна повторно е во врска.
Во делот од разговорот посветен на љубовта, таа откри дека досега немала повеќе од пет љубовни врски, а потврди и дека ѝ се случувало да почувствува дека девојки ѝ се додворуваат.

„Да. Што да ти кажам, да. Немам многу конкретни ситуации, само можеби некогаш сум осетила дека тоа е така. Не било многу често, меѓутоа мислам дека се случило“, рече Лара.

На прашањето дали во телефонот има фотографија која би можела да ѝ направи проблем доколку излезе во јавноста, таа низ смеа одговори:

„Да. Ама тоа би можело да е скриншот од нешто! Ќе издадам некој друг!“

Во разговорот се наврати и на една од своите поранешни врски. Иванова претходно беше во врска со тату-мајстор, кого го покажа и на социјалните мрежи. Тогаш објави нивна заедничка фотографија по повод неговиот роденден и му напиша: „Среќен роденден, љубов“.
На прашањето дали една од нејзините поранешни врски завршила поради неа, Лара рече:

„Да. Мислам, заедничка одлука беше, ама ајде нека биде да, поради двајцата“.

На прашањето дали и денес помислува на поранешниот партнер, одговори:

„Не. Сметам дека нема потреба повеќе да се објаснувам. Можеби, не знам, ако ми се појави стори или нешто, некаква слика, да го видам, ама вака јас самата да помислам, не“.

Стефанатор ја праша и дали нејзината песна „Доминантно“ е посветена на истиот поранешен партнер, што Иванова го негираше.

„Не. Не му е посветена нему затоа што, прво, не ја пишував јас таа песна, така што не му е посветена нему. Таа песна наменски ја правевме за ‘Макфест’, за настап на ‘Макфест’ и мислам дека ми требаше таква песна“, објасни таа.

Но, Лара откри и нешто ново, од неодамна повторно е вљубена. Не го откри идентитетот на новото момче, но кажа дека и оваа љубовна врска е на далечина.

„Да. Верувам дека може доколку има лојалност, има доверба и, нормално, љубов. Мислам дека може“, рече Иванова на прашањето дали верува дека врската на далечина може да опстане.
Таа засега не откри повеќе детали за новиот партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POLIGRAF (@poligrafmk)

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....