12.8 C
Скопје
19:38 - 14 октомври, 2026

„Жив е, за жал“: Шокантната порака на Џина Џиновиќ ги збуни сите, многумина мислат дека е упатена до татко ѝ!

Односот меѓу Харис Џиновиќ и неговата ќерка Џина повторно е во центарот на вниманието, откако младата наследничка на познатиот пејач објави видео со исклучително тешка и директна порака.

Џина неодамна на социјалните мрежи сподели нешто што предизвика низа реакции кај нејзините следбеници. Наместо фотографија од некоја модна комбинација или од луксузна дестинација, какви што најчесто објавува, таа овојпат објави дел од интервју во кој една девојка емотивно зборува за својот однос со татко ѝ и за случувањата од минатото што, како што вели, никогаш нема да може да му ги прости.

Видеото веднаш го привлече вниманието на јавноста. Следбениците на Џина почнаа да се прашуваат дали со споделувањето на овој исечок таа всушност сакала да испрати одредена порака до некого.

Особено внимание привлече цитатот што стои во видеото:

„Никогаш повеќе нема да разговарам со татко ми. Никогаш повеќе. Жив е, за жал. Никогаш нема да му простам. Мислам дека не треба на сите да им простуваме сè. Треба да ги оставиме таму каде што се. Можам да продолжам понатаму без тебе. Ако умреш денес, тоа ќе биде добар ден за мене.“

Иако Џина не се потпишала директно под објавата, ниту, пак, додала личен коментар со кој би објаснила на кого се однесуваат зборовите, времето во кое го споделила видеото, како и самата содржина, ги навеле многумина да заклучат дека пораката е упатена токму до нејзиниот татко.

Откако родителите на Џина се разведоа, а особено откако нејзината мајка Мелина повторно се омажи, во јавноста сè почесто се зборува дека комуникацијата меѓу Џина и Харис не е најдобра.

 

Слични објави

(Видео) Приватно езеро и многу зеленило – Анастасија Ражнатовиќ покажа дел од новиот дом во Мадрид каде што живее со Немања и синот Илијан

Еспресо

(Видео) Емотивен момент во домот на Балашевиќ – Оливера го заспива внукот Ѓорѓе со песна што буди спомени за покојниот сопруг

Еспресо

Погребан Горан Баре, свештеникот зборувал за неговите пороци: „Тоа те туркаше во темнина“

Еспресо

Актерот Дритон Вејсели заврши во болница: Наместо во студио, на инфузија сум

Еспресо

Милица Тодоровиќ одржа гала прослава за 36. роденден – ги собра сите пејачи, а кумот Стеван ѝ приреди изненадување

Еспресо

(Фото) Стефан и Марта Лазарови уживаат во родителството — секој ден им е исполнет со љубов кон малиот Лука

К.С.
Се вчитува....