7.8 C
Скопје
23:23 - 31 март, 2026

(Фото) Жителите на најголемиот град во Јужна Африка ги изненади снегот: „Чиста магија“

Жителите на најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, беа изненадени од првиот снег по 11 години.

Некои деца за прв пат во животот видоа снег.

Во делови од Јужна Африка, снегот редовно паѓа во зимските месеци, кои на јужната хемисфера се од јуни до август, а Јоханесбург последен пат видел снег во август 2012 година, објави Гардијан.

На социјалните мрежи, жителите на Јоханесбург го опишаа снегот што падна во понеделникот како „чиста магија“ и „прекрасен почеток на неделата“.

Јужно од градот во Бракенхерст, снимател на Ројтерс видел деца како прават снежни топки и снежни ангели во дворот на едно училиште.

Снегот, според искуството на постарите жители, нема долго да потрае поради топлото време и зголемената влажност на воздухот.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....