00:04 - 10 ноември, 2026

Жерар Пике мака мачи по разделбата од Шакира: „Ќе ме прегазеше, а потоа ми се закануваше дека ќе умрам“

Успехот на Шакира расте секој ден, атоа најмногу се должи на новите хитови посветени индиректно на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике, кој за разлика од Колумбијката која сите ја обожаваат, тој страда од малтретирање од страна на печатот и папараците кои сакаат изјава од поранешната ѕвезда на Барселона.

Ваквата ситуација го стави Пике под постојан притисок поради овие прогони, поради кои за малку ќе го прегазел шпанскиот новинар Жорди Мартин.

Папарацото бил прд куќата на родителите на поранешниот фудбалер, кога пријавил дека имал многу непријатна средба со бившиот на Шакира.

Мартин откри дека Жерар Пике пристигнал во куќата на неговите родители со својата девојка Клара Чиа, а не сакал да одговори на новинарските прашања за новата песна на Шакира, TQG, дует со Карол Џи.

Мартин посочи дека Пике само се насмевнал и решил да продолжи по својот пат.

Поминале неколку минути, а парот ја напуштил куќата на неговите родители, додека Мартин останал на истото место.

Откако го видел, Пике забрзал со автомобилот и за малку ќе го прегазил.

„Денес поминав низ непријатна епизода со Жерар Пике и Клара Чиа, за малку ќе ме прегазеа “, изјави Мартин за El Gordo y La Flaca од Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ElGordoyLaFlaca (@elgordoylaflaca)

Како тоа да не е доволно, новинарот посочи дека од внатрешноста на автомобилот добил неколку закани.

„Кога излегоа, Пике го забрза автомобилот на таков начин што за малку ќе ме прегазеше“, нагласи тој.

„Малку подоцна ме разминаа со автомобилот, и двајцата ми се смееја, ме навредуваа и правеа непристојни гримаси“, дообјаснува.

И приказната не завршува тука, бидејќи Мартин посочи дека на овој или оној начин Пике го добил неговиот телефонски број и упатувал закани кон него.

„(Пике) го доби мојот телефонски број и дури ми се јави велејќи дека ќе умрам, патем, тоа не е прв пат“, заклучи тој.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....