01:37 - 5 декември, 2025

Жена од Швајцарија му испратила 100.000 долари на лажен Бред Пит, па го чекала три недели во хотел

Бред Пит се најде во центарот на уште една онлајн измама. Швајцарска пензионерка, која се претставува како Патриција, вели дека изгубила повеќе од 100.000 долари откако поверувала дека е во врска со актерот, пренесува „Дејли мејл“.

Жената, чијашто точна возраст не се открива, дури и отпатувала во Америка, каде што поминала три недели сама во хотелска соба, чекајќи да се појави славниот актер.

Пензионерката со месеци била убедена е во онлајн врска во вистинскиот Бред Пит. Сепак, се покажало дека била мета на измамник кој се претставувал како познатиот актер и ѝ ја „собрал“ животната заштеда.

Сè започнало во мај 2024 година откако таа почнала да го следи актерот на „Инстаграм“. Набрзо добила порака од некој што тврдел дека е негов менаџер. Лажниот менаџер ја прашал дали сака да разговара со Бред, на што таа се согласила.

– Почнавме нормално да комуницираме, како двајца луѓе што се запознаваат, многу нежно – рекла Патриција.

Со текот на времето, нивните пораки станале почести, а мажот на крајот ја признал својата љубов кон неа.

– Ми поставуваше многу прашања за тоа како се чувствувам, како ми се допаѓаат работите, како го гледам животот, а потоа еден ден ми даде до знаење дека е вљубен во мене – раскажала Патриција.

Измамникот, исто така, ја замолил да ја чува нивната „романса“ во тајност.

„Бред“ ѝ испраќал пораки како: „Љубов моја, ти си мое сè сега и засекогаш“. Патриција верувала во сè што тој и кажувал.

– Ова е вистинска врска што се развива, па затоа се предавам на ова чувство на љубов – помислила таа.

Сепак, работите ескалирале откако почнале да зборуваат за лична средба.

Измамникот тврдел дека му требаат парите за да можат да се сретнат.

– Душо, мојот менаџмент бара 50.000 долари – напишал тој во една порака, додавајќи дека тоа е стандардна цена за секој што сака да помине време со него.

На почетокот, Патриција одбила, но потоа се убедила себеси дека можеби е легитимно.

– Помислив: „Па, можеби така функционираат работите. Никогаш порано не сум била во контакт со актер“, рекла пензионерката која му испратила на измамникот 30.000 долари, а потоа и преостанатите 20.000 долари.

Подоцна, вистинскиот Бред се појавил на Филмскиот фестивал во Венеција, а Патриција се надевала дека конечно ќе го запознае. Спакувала мал куфер и чекала инструкции да му се придружи. Но, тој никогаш не се јавил. Наместо тоа, лажниот Бред ѝ испратил цвеќе и порака на која пишувало: „Те сакам толку многу, душо, едвај чекам да го поминам остатокот од животот со тебе. Пит“.

Откако му платила 50.000 долари, ѝ било потешко да се откаже од врската. Измамникот побарал уште 10.000 долари за наводни медицински трошоци, а потоа уште 10.000 долари. Патриција вели дека била преплавена од стрес, но продолжила да му плаќа затоа што верувала дека ја сака. Откако направила нови плаќања, таа предложила да се сретнат во САД, резервирала лет и била убедена дека конечно ќе го запознае својот партнер.

Но, таа завршила три недели во хотел, пиејќи коктели сама додека чекала. Никогаш не го запознала својот партнер и на крајот му испратила уште 20.000 долари пред да се врати дома.

Кога се вратила во Швајцарија, ја прочитала приказната за Французинка која изгубила 830.000 евра од измамник кој се преправал дека е Бред. Дури тогаш ја сфатила вистината, откако ги видела сличностите во нивните приказни. Патриција отишла во полиција за да поднесе формална жалба.

– Кога пристигнав и реков: „Мислам дека сум измамена“, не можев ниту да го кажам името на Бред – рекла таа.

Пензионерката сега се обидува да го обнови својот живот, но вели дека емоционалната штета е огромна.

– Неопислива штета е. Поминав една година во врска што не постоеше. Се прашувате: „Како можеле да ја искористат така?“ – додала Патриција, вознемирена.

Да потсетиме, , жена во Франција, Ан Денешател, беше измамена од измамник кој се преправал дека е познатиот актер Бред Пит. Измамникот користел лажен профил на социјалните мрежи и фотографии генерирани од вештачка интелигенција за да ја убеди жената дека на Пит му се потребни пари за лекување на рак на бубрег. Таа поверувала дека е во романтична врска со актерот и била измамена да плати 830.000 евра.

Слични објави

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прослави роденденот на својот син: Балони и маскоти насекаде во домот, а таа му пееше

Еспресо

Маја Маринковиќ добила сепса! Се искомплицирало вадењето на силиконите: „Можеше да умре“

Еспресо

Новото момче на Јована Јеремиќ е милионер! Тигар има хотел во Црна Гора, а ќе отвори и ресторан во Белград

Еспресо

Од љубов до нетрпеливост: Ана Ивановиќ не сака да го види Бастијан на суд, еве како ќе го решат имотот

Еспресо
Се вчитува....