9.8 C
Скопје
22:18 - 18 октомври, 2026

Жељко Самарџиќ емотивно за внуците: „Ги остварив своите соништа, тоа е животот“

Пејачот Жељко Самарџиќ вчера се сретна со својата публика во белградскиот Сава Центар, сала во која досега настапил дури 50 пати. Како и секогаш, приредил незаборавна вечер исполнета со силни емоции и позитивна енергија.

Пред концертот, Самарџиќ ги сподели своите размислувања, откри што му минувало низ глава пред да излезе на свената, за што му било жал, но и кое ветување не ѝ го дал на сопругата Маја – а сепак несвесно го исполнил.

– Голема работа е тоа што имам 70 години и што младата публика сè уште ме сака. Би им посакал на сите да ги доживеат овие години и да бидат сакани – изјави пејачот, додавајќи дека ги остварил сите свои соништа.

– Своите соништа ги остварив. Денес, додека ја држев во раце најмладата внука Ленка, помислив колку би било убаво да бидам присутен и на нејзиниот 18. роденден. Но, тоа е животот. Кај нас разликата во години е голема – најстариот внук има 20 години и игра кошарка во Америка – раскажа тој искрено.

Жељко откри и дека семејството редовно го следи на неговите концерти, уште од самиот почеток на кариерата. На прашањето кој е најголемиот критичар дома и дали ги прифаќа нивните мислења, одговори со насмевка:

– Сите имаат по некој коментар. Нема многу критики, јас сум глава на семејството и јас одлучувам, но кога станува збор за важни работи – тука е мојата Маја. Таа ми рече: „Нема што повеќе да си ветуваме, но ако исполниш една желба, многу ќе ме израдуваш – барем да ослабеш пет килограми“. Пред два месеца имав 102 килограми, а утрово на вагата видов 88. Не ѝ ветив, ама очигледно сум го остварил тоа потсвесно – се пошегува Самарџиќ пред новинарите.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....