22:05 - 4 април, 2026

Здравко Чолиќ купил суперлуксузен стан во Пула: Еве колку платил за неверојатниот поглед на морето и градот

Мегаѕвездата Здравко Чолиќ си купил луксузен стан во Пула, во една од зградите што е се уште во изградба – како дел од атрактивен и скап проект лоциран меѓу пристаништето и Пјешчана Увала (населба во Медулин).

Станува збор за еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во последнава деценија.

Предвидено е да се изградат околу 150 станови распоредени во пет згради, а проектот е се уште во почетна фаза.

Цената на становите во овие згради е околу 5.500 евра за метар квадратен, а имајќи предвид дека во понудата има и големи апартмани, од над 100 метри квадратни и со големи тераси од кои погледот ќе се протега далеку кон морето и околината, според хрватските медиуми, Чола најверојатно платил за станот над половина милион евра.

Инаку, пред околу еден месец, Чолиќ повторно имаше концерт во Арената во Пула, а се верува дека токму тогаш го купил овој имот.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....