16:09 - 10 ноември, 2026

Здравко Чолиќ ја реновира вилата на Дедиње – поставени нови камери и сензори откако му беше флена бомба во дворот

Најголемата балканска ѕвезда, Здравко Чолиќ, започна со целосна санација на својот семеен дом на Дедиње. Како што пренесуваат медиумите, вилата претрпе сериозни оштетувања по немилиот настан од почетокот на февруари, кога на поседот беше фрлена експлозивна направа.

Бришење на трагите од несреќата

По завршувањето на полициската истрага, на терен пристигнаа екипи од мајстори и градежници. Планот е да се изврши тотална реконструкција. ќе се отстранат сите оштетени делови од надворешните ѕидови, а комплетно се менуваат прозорците и заштитните ролетни кои беа уништени од детонацијата.

Иако Чолиќ не ангажира приватно физичко обезбедување, вилата добива најсовремени безбедносни камери и сензори, со цел да се зачува приватноста и мирот на семејството, портата сега е постојано затворена, а поседот редовно се обиколува од луѓе задолжени за одржување.

Чола не бара одмазда

Интересен е фактот што пејачот, при сослушувањето во Обвинителството, изјавил дека не се приклучува кон кривично гонење на напаѓачите. Тој нагласил дека нема долгови ниту непријатели и дека не сака да се занимава со тие што го извршиле налогот, сакајќи само да го врати мирот во својот дом.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....