14:12 - 10 ноември, 2026

Здравко Чолиќ изненади со изјава за жените: „Не можеш да побегнеш“

Здравко Чолиќ со децении важи за еден од најдобрите и најпопуларни пејачи од нашите простори и гордо ја носи титулата миленик на жените.

Иако има 72 години, Чола се уште е омилен меѓу жените од различни генерации, за што и самиот е свесен.

-Така е, едноставно се раѓаш така и потоа никаде не можеш да избегаш од тоа. Жените се тие кои повеќе се врзуваат за мажите, за машките бендови, а ние пееме љубовни песни. Од друга страна, мажите повеќе се врзуваат за женските вокали. Сигурно е убаво и секако ласкаво – изјави Чола.

– Немам ништо против тоа што најголемиот дел од публиката е женска, иако има и многу мажи. Така е со години, како што стареам се појавува некаква машка почит – изјавил пејачот, пренесува 24сата.хр.

Потсетуваме, пејачот своевремено зборуваше за деновите поминати во притвор. Како што појасни, полицијата го привела во Македонија поради сомнение дека купувал девизи, а потоа бил пуштен да се брани од слобода.

– Бев еден вид менаџер и човек кој имал одредени вложени средства во областа на телефонијата, а пошироката јавност дозна дека се занимавам со мало стопанство дури кога бев уапсен во Охрид за претворање на кредитни средства во девизи. Тогаш во Македонија беше поевтино да се купуваат девизи отколку во Белград и Загреб – изјави тогаш пејачот.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....