5.8 C
Скопје
12:32 - 23 февруари, 2025

Збогум, драга Виле! Нè напушти уметницата Виолета Чауле, жена со душа планина

Нè напушти уметницата Виолета Чауле-Гранка (Скопје 1947- Скопје 2023). Тажната вест ја сподели Друштвото на ликовни уметници на Македонија на официјалната Фејсбук страница.
„Со тага ја примивме веста дека не напушти нашата колешка, ликовна уметница Виолета Чауле. Се простуваме и изразуваме длабоко сочувство до семејството.
Виолета Чауле за мене секогаш ќе биде лик кој ќе го паметам цел живот. Лик за една прекрасна дама со париски имиџ и одлична уметница. Ја познавав уште многу одамна како блиска пријателка на моите родители кои младоста ја минувале заедно во уметничкиот Париз. Јас имав прилика да се дружам со Виолета во Париз кога ДЛУМ се претстави со групна изложба на македонски автори во Меѓународното ателје. Бевме сместени во еден убав париски хотел и делевме иста соба. Се сеќавам и на нашите долги ноќи и разговори за уметноста и „наш Париз“.
Се чувме пред само два месеца кога таа изрази голема желба повторно да се вклучи и да биде активна на изложбите што ги организира ДЛУМ. И ветив дека наскоро ќе се видиме бидејќи сакаше и лично да ми честита за изборот за претседател на ДЛУМ. Имаше идеи и размисли за што сакаше со мене да ги сподели за тоа што и како можеме да направиме за ДЛУМ и неговото опстојување.
Ќе ми недостасуваш драга Виолета…Ќе му недостасуваш и на ДЛУМ…Можевме уште да разговараме за уметноста и наш ДЛУМ…Почивај во мир драга Виолета“, објави на официјалната Фејсбук страница на ДЛУМ , Јана Манева – Чупоска, претседателка на ДЛУМ.
Рoдeнa е 1947 вo Скoпje. 1972 диплoмирa нa Висoкaтa шкoлa зa дeкoрaтивнa умeтнoст вo Пaриз,вo клaсaтa нa прoф.Rohner. Нa истaтa Aкaдeмиja спeцијaлизирaла ѕиднo сликaрствo 1973 кaj прoф.Depier. 1975/76 прeстojувa вo Рим нa АЛУ вo клaсaтa нa прoф. Џeнтилини.
Беше члeнка нa ДЛУM oд 1976.
Нејзината посветеност во творештвото по дипломирањето го посвети на цртежот и особено на  графиката. Самостојно изложувала во Србија, Италија, а преку групни претставувања беше присутна на изложби во Македонија: Скопје, Прилеп, Штип, Битола; Југославија, Загреб, Белград, Словен Градец, и надвор од земјата, Ташкент, Мелбурн, Дијангси, Келн, Пловдив, Брисел.
Учествувала на сите изложби на ДЛУМ од 1976, како и на изложбите на ДЛУМ за цртеж и графика од 1978.
Си замина по смртта на саканиот сопруг, проф д-р Предраг Кировски
И нашата редакција е потресена од тажната вест за смртта на драгата пријателка Виле, долгогодишна соработничка во бројни „женски“ списанија, поддржувачка на женските права, но и одлична познавачка на модните трендови (се разбира, и на модата гледаше како на уметност).
Веста за нејзиното заминување ни пристигнува неполни две години по тажната вест за заминувањето на нејзиниот сакан сопруг, проф. д-р Предраг Кировски – невропсихијатар и редовен професор на Медицинскиот Факултет во Скопје, кој во март, 2021 година им подлегна на последиците од Ковид-19.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац ужива за сите пари во Дубаи: Пејачката во костим за капење ги остави мажите без здив

Еспресо

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо
Се вчитува....