6.6 C
Скопје
03:59 - 1 април, 2026

ЗАМАЛКУ НЕ ПАДНАЛ ПРИВАТНИОТ АВИОН НА ЕЛТОН ЏОН: Поради дефект на 3.000 метри принудно слетувал дури три пати во голема бура

Моменти на голем страв за Елтон Џон кога приватниот авион со кој летал доживеал дефект на 3.000 метри и бил принуден принудно да слета.

Пејачот летал од Велика Британија за Њујорк, каде требаше да настапи во Медисон Сквер Гарден во вторникот и средата навечер.

Но, само еден час по полетувањето, пилотот бил принуден да го пренасочи авионот кон брегот на јужна Ирска. Причина за тоа биле екстремните ветрови.

За среќа, маневрот на искусниот пилот успеал по третпат, а екипите на брзата помош и противпожарната бригада веќе чекале во близина на аеродромот Фарнборо. Пистата била моментно успешно расчистена за слетување.

„Авионот не можеше да слета. Беше ужасно тоа да се гледа“, изјавил сведок за „The Sun“.

Веднаш се насобрала толпа луѓе откако се дознало дека Елтон Џон е во неволја.

Авионот двапати направил обид за слетување додека бурата беснеела, и конечно слетал при третиот обид.

Нема коментари (за сега) од агентите за односи со јавност на славниот пејач, но тој не сакајќи да ги разочара своите обожаватели се качил на подоцнежен лет за да го реализира својот презакажан концерт во Њујорк, кој е дел од неговата турнеја Farewell Yellow Brick Road Tour. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....