11.8 C
Скопје
09:48 - 31 март, 2025

ЗАЈАЧИЦАТА ХОЛИ МЕДИСОН ГИ ОТКРИ СИТЕ ПЛЕЈБОЈ ТАЈНИ: Постојано биле дрогирани, таквиот живот бил исцрпувачки

Холи Медисон

Откако поранешните девојки на Хју Хефнер, изнесоа бројни детали за нивната врска со починатиот основач на магазинот „Плејбој“, сега на Интернет кружи видео од Холи Медисон, една од најпознатите девојки на Хефнер, која прозборе за животот со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Во претстојниот документарен серијал во кој ќе бидат прикажани непознати детали од животот на зајачиците, но главниот збор го има Холи Медисон. Таа и претходно зборуваше за случувањата во злогласната вила на Плејбој, во своите мемоари од 2015 година.

(ФОТО) ВДОВИЦАТА НА ХЕФНЕР: Носталгија за стариот живот, ама со нова љубов на пат околу светот

Во новиот тизер од серијалот „Тајните на Плејбој“, чијашто премиера ќе биде прикажана во јануари 2022 година, Медисон вели дека била во „круг на ужасни нешта што се случувале во вилата“, додавајќи дека покојниот Хефнер брзо губел нерви кога таа ќе направела нешто со кое не се согласува ток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Playboy Buns (@girlsnextdoorpbbuns)

Документарецот ќе ја открие емотивната борба што Медисон ја водела додека била во вилата пред смртта на Хефнер, во 2017 година, кога тој имал 91 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Holly Madison (@hollymadison)

Откако шест месеци живеела во вила со група идентични русокоси убавици, Медисон раскажала како Хеф полудел и ѝ викал кога решила да ја скрати својата долга коса. Тогаш ѝ рекол дека изгледа „евтино“.

„Се вратив со кратка коса и Хефнер ме искара, викаше и рече дека сега изгледам старо, грубо и евтино“, вели таа во видеото.

Сондра Тиодор, една од девојките кои живееле во вилата, ја потврдува нејзината приказна, а во истото видео тврди дека сите постојано биле дрогирани и дека таквиот живот бил исцрпувачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kimmie kins (@kimmiekins4vocal)

Хефнер ги дрогирал за полесно да се „предадат“

Наводно на девојките им давал квилдус, лек кој често се користел за подобрување на сексот, но и како седатив по кој девојките брзо губеле свест. Овој лек денес е познат и под името метаквалон.

Неговата поранешна секретарка Лиза Ловинг Барет исто така ги потврди овие приказни.

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....