01:01 - 2 април, 2026

Заедно се само поради „тешките“ договори? Врската на Џорџина и Роналдо во криза, „тие глумат шоу за јавноста“

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо со години се еден од најатрактивните парови во светот, чија врска е честа мета на светските медиуми.

Сепак, се чини дека Португалецот и Шпанката со аргентинско потекло минуваат низ сериозна криза, а се претпоставува дека нивната врска е всушност само шоу за јавноста.

Последниве денови многу се зборуваше за нивната врска. Шпанските медиуми објавија детали кои сугерираат дека парот минува низ тежок период, а гласините ги подгреа видеото од божиќниот подарок што Џорџина му го даде на Роналдо. Имено, се работи за скап автомобил, Ролс Ројс, но и покрај изненадувањето, во видеото недостига хемија меѓу двајцата.

– Студенилото меѓу двајцата доаѓа до израз секој пат се повеќе, како што на пример е случај во последното видео што го објавија – забележаа новинарите во емисијата Социјалите.

Покрај тоа, тие го споредија видеото од божиќниот подарок со видеото од февруари минатата година кога Џорџина му подари на Роналдо уште еден автомобил. Додека на видеото од овој Божиќ парот речиси и не се погледнува, во старото видео од пред речиси една година постојано разменуваат погледи и нежности еден кон друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Но, во Латинска Америка се зборува дека парот е сè уште заедно само поради високите рекламни и спонзорски договори и луксузниот начин на живот. Причина за кризата е одложувањето на венчавката која Џорџина ја очекуваше и планираше, како и разочарувањето на Роналдо на Мундијалот.

Да потсетиме, парот е заедно од 2016 година и заедно гледаат пет деца, од кои две родила Џорџина, а другите ги добиле преку сурогат мајки.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....