18.8 C
Скопје
02:23 - 27 јули, 2024

За првпат во Македонија: Клиника „Жан Митрев“ ќе спроведе бесплатен скрининг за канцер на бели дробови

Клиниката „Жан Митрев“ почнува национална кампања за бесплатен скрининг за канцер на бели дробови. За првпат пациентите ќе може да се испитуваат дали носат ризик за развој на рак на бели дробови и да делуваат превентивно. Целта на кампањата на клиниката е навремено откривање на асимптоматските пациенти, дијагностицирање во рана фаза кога може да се изврши оперативен третман, бидејќи така прогнозата за преживување е многу подобра и подигнување на свесноста за рано откривање на заболувањето во почетна фаза.

„Ракот на белите дробови е главната причина за смртност поврзана со ракот, а Македонија не е исклучок. Кај нас инциденцата е 14,9% што значи 1.135 нови случаи секоја година, а според стапката на смртност сме на 10-то место во светот. Пушењето и загадувањето на воздухот се двата најголеми ризик-фактори за развој на карцином на белите дробови, појави што се многу застапени кај нас. Заради овие факти потребно ни е национално делување и скрининг, посебно на ризичните категории. Итно ни е потребно и кревање на свесност за проблемот, затоа што најголем дел од пациентите доаѓаат во многу доцна фаза и затоа стапката на смртност е толку висока. Болеста во првите фази е асимптоматска, не се прават превентивни прегледи и затоа се недијагностицирани. На овој начин, со скрининг и рано откривање значително се зголемуваат шансите за преживување кај овој тип на пациенти“, вели д-р Лилјана Брајевиќ, торакален хирург во клиниката „Жан Митрев“.

Со скринингот ќе бидат опфатени пациенти за карцином на бели дробови кои се асимптоматски, но влегуваат во ризичните категории според животните навики. Препораката за скрининг опфаќа пациенти од 50 до 75 години кои во текот на 20 години пушеле повеќе од 20 цигари (или 1 кутија) на ден или 2 кутии цигари дневно во тек на 10 години, како и пациенти кои биле пушачи, а престанеле во последните 15 години.

Пациентите што ќе се пријават прво пополнуваат прашалник според кој се проценува ризикот за да добијат карцином на бели дробови. Пријавувањето и пополнувањето на прашалникот може да се направи онлајн на интернет страницата на клиника Жан Митрев, а повеќе информации за начинот на пријавување може да добијат на телефонскиот број 02 3091 484.

Скринингот се одвива во две фази, во првата фаза се користат процедури со кои ќе се одделат позитивни од негативни  пациенти, а во втората фаза, се користат процедури за комплетна дијагностика кај позитивните пациенти. Позитивните пациенти односно оние каде ќе се дијагностицира карцином, ќе бидат консултирани и упатени на комплетен оперативен и онколошкитретман што се применува во клиниката Жан Митрев.

Според препораката на The American cancer society скринингот се прави со компјутеризирана томографија на бели дробови со ниска доза на зрачење (Low dose CT scan) што e златен стандард во скрининг дијагностиката.

Во светот, но и во Македонија, ракот на белите дробови е главната причина за смртност. Дури 23% од сите видови отпаѓаат на овој вид рак, што го прави ракот на белите дробови, по ракот на дојката, најчест облик на рак во светот.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....